Иран го повика Гутереш да го спречи активирањето на механизмите за спроведување на санкциите на ОН

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска го повика генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да го спречи активирањето на механизмите за спроведување на санкциите на ОН, што се повторно воведени кон Техеран.
„Ве повикуваме да спречите каков било обид за оживување на механизмите за санкции, вклучувајќи го Комитетот за санкции и Панелот на експерти“, напиша Аракчи во писмо објавено на платформата Икс.
Тој додаде дека Техеран не признава никаков обид за продолжување, оживување или спроведување на санкциите на ОН.
Обединетите нации повторно воведоа ембарго за оружје и други санкции врз Иран, по процесот инициран од клучните европски сили за кој Техеран предупреди дека ќе наиде на остар одговор, соопштено е на веб-страницата на ОН.
Велика Британија, Франција и Германија го покренаа повторното воведување санкции кон Иран во Советот за безбедност на ОН поради обвинувањата дека земјата го прекршила договорот од 2015 година, чија цел е да се спречи да развие нуклеарна бомба, обвинение што Иран го негира.
Санкциите на ОН, кои Советот за безбедност ги воведе со резолуциите усвоени меѓу 2006 и 2010 година, се во сила од синоќа по источноамериканско време.
МИА
Ново на Сител
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
