Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации

Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави денеска дека Иран отсега ги смета војските на земјите-членки на Европската Унија за „терористички групи“, повикувајќи се на законската регулатива од 2019 година.
Оваа одлука доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ во четвртокот одлучија да ја прогласат Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, поради крвавото задушување на неодамнешните антивладини протести.
Овој потег на Унијата се смета за главно симболичен, со оглед на тоа што ИРГЦ веќе е под санкции на ЕУ поради прекршување на човековите права.
-Европа сака да му угоди на својот господар, Америка, со овие мерки, изјави Галибаф во Парламентот, пренесува ДПА. Видеата објавени од иранските медиуми покажаа пратеници облечени во униформи на ИРГЦ во знак на солидарност, додека дел од нив скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
Тензиите меѓу САД и Иран се на високо ниво по смртоносното задушување на протестите во земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за демонстрациите и најави „многу силни мерки“ доколку Иран продолжи со егзекуции на демонстрантите.
Дополнителни спорови се појавија и околу иранската нуклеарна и ракетна програма, при што Трамп неделава сугерираше можен напад, изјавувајќи дека „масивна армада се движи кон Иран“.
Иранската страна соопшти дека е подготвена да ги продолжи преговорите со САД, но инсистира на целосна контрола врз своите одбранбени капацитети. САД беа првата земја во светот што ја прогласи ИРГЦ за терористичка група во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп.
ИРГЦ е елитна воена сила на Иран, која во последните децении значително го прошири и своето социјално и економско влијание преку инвестиции во авиокомпании и хотелски синџири.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
