Иран ги отфрли обвинувања од Саудиска Арабија дека е виновен за напад со балистичка ракета
Иран денеска ги отфрли како „неодговорни и провокативни“ обвинувањата од Саудиска Арабија дека таа држава е виновна за напад со балистичка ракета од Јемен врз Ријад. Во соопштение од МНР на Иран се нагласува дека обвинувањата се „неправедни, деструктивни и провокативни“.
Саудиска Арабија денска го обвини Иран за напад со балистичка ракета на јеменски шиитски бунтовници врз саудискиот главен град Ријад, предупредувајќи ги дека тоа може да се смета за „воен напад“. Тоа денеска го соопшти коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитски бунтовници Хути и нивни сојузници во Јемен на страна на меѓународно признатата влада на таа држава.
Коалициската Команда истакнува дека Саудиска Арабија „задржува право да му одговори на Иран во соодветен момент и на соодветен начин“. Иран ги поддржува Хутите, но негира дека ги вооружува.
Ново на Сител
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка