-->
-->
Ирачкиот врховен шиитски верски лидер ја осуди егзекуцијата на Ал Нимр
-->
Ирачкиот врховен шиитски верски лидер ајатолахот Али ал Систани ја осуди денеска егзекуцијата на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, нарекувајќи ја „неправедна агресија“.
- Ја примивме со голема тага и жалење веста за мачеништвото на еден број на нашите браќа верници во регионот, чија чиста крв е пролеана во неправедна агресија, вели Ал Систани во писмото упатено до населението на регионот Катиф, во источна Саудиска Арабија, каде Нимр држел проповеди.
Погубувањето на истакнатиот шииитски свештеник Нимр ал Нимр вчера го осудија познатиот ирачки свештеник Моктад ал Садр, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и поранешниот премиер Нури ал Малики.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки