Ирачката полиција им забрани на жените од Мосул да носат „никаб“ од безбедносни причини
Полицијата во ирачкиот град Мосул денеска на жените од градот им забрани да носат „никаб“, покривката за целото лице на жената, и тоа во реоните ослободени од Исламска држава.
Мерката е осмислена од безбедносни причини, бидејќи постои опасност оваа женска облека да се искористи за упади на членови на екстремистичката милиција, пренесоа ДПА и ТАСС, цитирајќи ја наредбата на шефот на полицијата во северната провинција Нинава - Ватик ал Хамдани.
-Одлуката е донесена по обидите за упади на елементи од ИД, преоблечени во женска облека, се посочува во изјавата на полицискиот началник.
Радикалната група го зазеде Мосул со изненедувачки напад кон средината на 2014 година,а во јануари годинава Ирак соопшти за „ослободување на источниот дел на градот“, потсети ДПА.
Забраната за носење никаб важи на јавните места, по централните улици и плоштади на Мосул, како и на пазарите, посочува ТАСС.
Полициската управа соопшти дека „борците од ИД, чии цели се мирните граѓани, се појавуваат преоблечени во женски алишта и со никаб, за извршување на терористички напади на места каде се собираат жителите на Мосул“.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената