Инзаги: Да не беше коронавирусот, Лацио ќе го освоеше Скудетото
Тренерот на Беневенто, Филипо Инзаги е убеден дека тимот воден од неговиот брат Симоне – Лацио би ја освоил титулата во Серија „А“, ако не беше присилната пауза поради пандемијата од коронавирус.
Пред неа, Римјаните беа само бод зад лидерот Јувентус, а сега разликата помеѓу двата тима е седум бода.
– Лацио се движеше со многу голема брзина до март. Симонe можеше да се подготви за натпреварите правилно и во длабочина за седум дена. Нешто што Јувентус не би можел да го направи заради неговиот ангажман во ЛШ. Ова не би била мала предност. Да не зборувам за поддршката на римските навивачи, кои секогаш играат решавачка улога. Сонот на мојот брат на почетокот на сезоната беше да го врати Лацио во Лигата на шампионите, но убеден сум дека без присилната пауза би го освоиле Скудетото. После три месеци без фудбал, работите се променија целосно. Симоне нема состав кој ќе му овозможи да се подготви за три натпревари неделно, за разлика од Јувентус, кој е многу поискусен од оваа гледна точка. Жал ми е за него, изјави Инзаги за „Скај Спорт Италија“.
Ново на Сител
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната