Интензивни градежни активности на улицата „Мишко Михајловски” во општина Кисела Вода

И викендов, интензивно течат активностите на градежната фирма “Бетон”, за реконструкција на улицата “Mишко Михајловски”. Во текот на денешниот ден, ќе заврши нејзиното асфалтирање во должина од околу 350 метри, а паралелно се работи и на санација на тротоарите. Се поставуваат нови рабници и бекатон плочи.
Се работи за проект за рехабилитација и подобрување на локални патишта, за кој општина Кисела Вода аплицираше до Агенцијата за државни патишта и за кој се одобрени средства преку Владата на Република Македонија.

Во текот на утрешниот ден, фирмата “Виа сигнал” ќе бележи хоризонтална сигнализација, ќе се бележи средна линија и пешачки премин. Дополнително, повторно на иницијатива на општина Кисела Вода, на овие три улици се изврши реконструкција и на уличното осветлување. Дрвените бандери беа заменети со метални столбови и се зголеми нивниот број, а претходно веќе беше извршена замена на постојните светилки со штедливи.
Со реализацијата на сите овие активности, се очекува подобрување на условите за живеење на над околу 500 жители од овој дел на градот кои во своето секојдневие ја користат улицата “Мишко Михајловски”, опфаќајќи ги и улиците “Марко Цепенков” и “345”. Општина Кисела Вода им се заблагодарува на разбирањето и соработката за периодов додека течат градежните активности.

Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
