Интелигенцијата може да се дефинира уште од раѓањето на детето

Аномалиите во текот на бременоста влијаат врз подоцнежните образовни постигнувања на децата, се наведува во истражување на шведски научници објавено во „Интернејшенал Џурнал оф Етимолоџи“.
- Разгледувајќи ја врската меѓу умствениот развој и предвременото и задоцнетото раѓање на детето, истражувачите утврдија дека кај децата родени подоцна, плацентниот недостаток може да биде особено токсичен за развојот на нервниот систем, образложи Хајн Хојфелман, водач на истражувачкиот тим.
Во научната студија научниците го проучиле раѓањето на околу два милиона деца во Шведска во периодот од 1973 до 1994. Информациите за постигнувањата на децата в училиште ги добиле од Националниот училиштен регистар при Службата за статистика на Шведска.
Оценките на предвреме или подоцна родените деца, се пониски, па се дошло до заклучок дека има поврзаност меѓу времетраењето на бременоста и успесите во образовниот процес.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
