Иновативни решенија за еколошка општина Карпош

Обука за намалување на трошоците за греење и ладење, како и намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата, преку исфрлање од употреба на фосилните горива денеска се одржа во Општина Карпош.
Како што соопштија од општината презентацијата, која е дел од проектот за ладење и греење „Cool Heating“, ја одржала Наташа Марковска од МАНУ која детално ги образложила главните придобивки од проектот, чиј импакт се движи по две главни линии – економски и еколошки бенефити.
Целта на овој проект е проширување на знаењата и зголемување на свеста за малите системи за греење, кои се базирани на обновливи извори на енергија, (биомаса, геотермални пумпи, соларно греење и сл.). Можните локации во општина Карпош кои би се опфатиле со овој проект, дополнително ќе ги утврдат стручните лица од МАНУ и Општина Карпош, по претходно изработена студија.
Со учество во овој проект и поддршката на бројни иницијативи, општина Карпош доби персонален код за идентификација (PIK), со кој ќе биде препознатлива на сите европски интернет страници за енергетска ефикасност.
Носител-координатор на овој меѓународен проект во кој учествуваат 11 партнери од осум земји, е германската научна академија од Минхен. Како таргет-земји во кои би се применувале новите енергетско ефикасни модели за греење и ладење, се Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија и Општина Карпош, како единствен учесник од Македонија.
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
