Иницијаторот на „Законот Магнитски“ осуден на девет години затвор во Русија
- Суд во Москва денеска во отсуство на девет години затвор го осуди бизнименот Вилијам Браудер, кој беше иницијатор на американскиот закон за казнување на руски официјални претставиници и обични граѓани осомничени за кршење на човековите права, познат како „Закон Магнитски“.
Браудер е осуден под обвинение за затајување данок и за финансиски малверзации.
Заедно со него, Судот на осум години затвор го осуди и неговиот соработник Иван Черкасов, поради затајување данок и илегално префрлување на пари од Русија во странство.
Покрај затворските казни, Браудер и Черкасов мораат да и платат и отштета на руската држава во износ од околу 69 милиони долари.
Коментирајќи ја пресудата, Браудер само кусо одговори дека таа е „срамна“.
Браудер, кој е американски бизнисмен со британско потекло, е поранешен директор на хеџ-фонд во Москва. По негова иницијатива и неколкугодишно лобирање, Конгресот на САД во 2012 година конечно го донесе „Законот Магнитски“.
Законот беше именуван според адвокатот и ревизор на Браудер, Сергеј Магнитски, кој почина во еден московски затвор во 2009 година по сурово измачување.
Магнитски беше затворен откако откри шема за перење пари од страна на даночните служби во Москва во вредност од 200 милиони долари
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
