Информативен центар за превенција во Делчево
Во Делчево од денеска почна да работи Информативен центар за превенција. Станува збор за проект изготвен од СВР Штип, отсек за превенција, а имплементиран од Полициската станица Делчево во соработка со општината.
Виолета Илиевска, инспектор за превенција од ПС Делчево истакна дека со овој проект ќе се овозможи координативно дејствување на полициските и службениците од општина Делчево за решавање на проблеми на граѓаните.
- Со имплеметнацијата на проектот е предвидено во просториите на едношалтерскиот систем во зградата на локалната самоуправа во Делчево два пати во неделата да има полициски службеник. Така што граѓаните ќе комуницираат со полициските службеници. Целта е да се зголеми безбедносната сигурност кај граѓаните, да се подобри комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните и заеднички да се делува со службениците од општина Делчево за решавање на одредени проблеми на граѓаните, истакна Илиевска.
Во едношалтерскиот систем во Делчево секоја среда и петок ќе има полициски службеник. Сузана Петровска, раководител на Правен сектор во единицата за локална самоуправа во Делчево истакна дека во овие два дена во општината доаѓаат најмногу странки.
- Општина Делчево се вклучи во спроведувањето на овој проект и овозможивме технички услови за присуство на полициски службеник во едношалтерскиот систем. Очекуваме граѓаните да го искористат неговото присуство, да побараат помош и навремено да се одговори на неговите барања, рече Петровска.
На полето на превенцијата, полициската станица во Делчево со години наназад работеше на низа проекти, од областа на сообраќајот, од јавен ред и мир, од областа на спортот. Целта на овие проекти е да се зголеми безбедноста, граѓаните да се чувствуваат сигурно, но да се зголеми и довербата на граѓаните во полицијата.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот