Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа (Култура)

Министерството за култура на Македонија во соработка со хрватското Министерство за култура денеска во ЕУ Инфоцентар во Скопје организира Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа (Култура) - Проекти за соработка.
Македонските културни оператори ќе имаат можност да се запознаат со целите, приоритетите и критериумите на оваа категорија, со хрватското искуство со програмата, базите за барање на партнери и со Европската година на културно наследство 2018.
Преку презентациите на Анера Стопфер од Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Хрватска и Билјана Прентоска од Канцеларија за Креативна Европа – Култура на Република Македонија, учесниците ќе се воведат во работилницата во рамки на која заеднички ќе работат на развој на конкретни проект идеи, согласно критериумите на оваа категорија.
- Настанот има за цел да ги информира и подготви културните оператори за претстојниот повик за категоријата „Проекти за соработка“, соопшти Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
