Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2.1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 проценти, Рекреација и култура за 0.3 проценти и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.
Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.1 процент, Облека и обувки за 0.6 проценти, Здравје и Образование за 0.1 процент
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во август во однос на јули годинава се намалени за 0,7 отсто.
Како што објави претходно ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, а во јуни годинава за 0,8 отсто за месечно, а за 4,5 проценти на годишно ниво.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
