Инфантино до критичарите на СП 2026: Медитирајте, молете се, гледајте фудбал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им се обрати на критичарите на Светското првенство во 2026 година.
– Многу ми е жал што бевте толку обземени од омраза и критики па пропуштивте сè. До сите што го трошеа своето време и енергија на омраза, медитирајте, молете се, насмевнете се, поминете време со вашите најблиски или гледајте фудбалски натпревар, напиша Инфантино на социјалните мрежи.
За потсетување, на неодамнешниот Мундијал се случија неколку скандали, еден од нив е на укинувањето на суспензијата од еден натпревар за напаѓачот на САД, Фоларин Балогун.
Се случи и несоодветен третман на иранската делегација при влегувањето во САД, хаос со визи каде што на стотици илјади навивачи и на некои судии им беше одбиен влез, а протече и тајно писмо во кое Инфантино го фали „професионализмот“ на Аргентинците кои физички ги нападнаа фудбалерите на Шпанија по финалето.
Светското првенство во 2026 година се одржа во Мексико, САД и Канада од 11 јуни до 19 јули. Во финалето, Шпанија ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
-

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност
-

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
