Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување

Индиректните преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, кои се одржуваат во Доха меѓу Израел и Хамас, се попречени од планот на Израел за повлекување од палестинската територија, објавија денеска француските медиуми.
„Преговорите во Доха се соочуваат со сложени пречки и тешкотии поради инсистирањето на Израел да презентира план за повлекување, што всушност е само план за повторно распоредување на израелската армија, а не вистинско повлекување“, изјавија палестински извори блиски до преговорите за француските медиуми.
Израел, додаваат тие, продолжува да го одложува договорот со цел „да спроведе политика на војна на истребување“.
Истите извори наведуваат дека е постигнат „напредок“ во преговорите за хуманитарна помош и ослободување на заложниците во Газа, во замена за палестински затвореници во Израел.
Палестински претставници запознаени со разговорите во Катар за Би-Би-Сио изјавија дека преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците се на работ на пропаст.
Според висок палестински преговарач, израелската делегација во Доха немала овластување да донесува клучни одлуки, а посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон била искористена за „купување време“.
Тие го повикаа Вашингтон да изврши поголем притисок врз Израел за да избегне целосен прекин на разговорите.
„Процесот виси на конец. Без драстична и брза промена, преговорите би можеле целосно да пропаднат“, рече еден регионален претставник.
Главните спорни прашања остануваат механизмот на дистрибуција на хуманитарната помош и степенот на повлекување на израелската армија од Појасот Газа.
Хамас бара помошта да тече преку агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни организации, додека Израел инсистира на дистрибуција преку Хуманитарната фондација за Газа (GHF), организација поддржана од САД.
Во врска со повлекувањето, Израел понуди да одржува „тампон зона“ длабока од еден до 1,5 километри, но подоцна доставената мапа покажа многу подлабоки воени позиции, што Хамас го опиша како „знак на лоша намера“.
Мапата покажа израелско присуство во поголемиот дел од јужниот град Рафа, 85 проценти од селото Хуза, како и делови од северна Газа и градот Газа, вклучувајќи ги населбите Туфа, Шеџаија и Зејтун.
Еден функционер го обвини Израел дека користи хуманитарно планирање за долгорочна стратегија за присилно раселување на Палестинците, посочувајќи го планот на израелскиот министер за одбрана Израел Кац за изградба на камп за 600.000 лица во Рафа, со можност за проширување на целото население на Газа.
Ново на Сител
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

ДЗР: Неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, недостигаат 30 лаптопи, исплаќана плата без присуство на работа, финансирани здруженија и фондации
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
