-->
-->
Индија е шокирана - „Малечката невеста“ мачена со струјни удари!
-->
Индија е шокирана откако актерката Пратјуша Банерџи, била изложена на електро шокови за време на реално шоу во Индија.
Актерката, која кај нас е позната по толкувањето на главната улога во индиската серија „Малечката невеста" е учесник во Биг бос шоуто, а контроверзната епизода предизвикала бурни реакции во земјата.
Актерката била мачена со електрошокови пред очите на јавноста, откако била натерана од продуцентите да ја прифати „терапијата" за да биде излекувана од настинка.
Девојката издржала 35 од предвидените 50 електрошокови, по што со солзи го напуштила местото.
По првичниот шок и реакции на гледачите, властите најавиле истрага за тортурата, а организаторите на шоуто се правдале дека струјните удари биле слаби, а актерката глумела дека чувствува болка за да привлече гласовите од гледачите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
