Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах ги повика главните министри на сите индиски сојузни држави да обезбедат дека по 27 април на територијата на Индија нема да остане ниту еден пакистански државјанин.
Ова следува по одлуката на индиските власти да ги анулираат сите визи на пакистански граѓани, освен долгорочните визи издадени за лица од хинду потекло. Дополнително, Индија апелираше до своите државјани кои престојуваат во Пакистан да се вратат дома, поради зголемената напнатост откако во терористички напад во Пахалгам беа убиени 26 лица, главно туристи.
Визните услуги за пакистански граѓани се запрени веднаш, а сите што се наоѓаат во Индија со визи во рамки на специјалната шема за визно олеснување (SVES) имаат рок од 48 часа да ја напуштат земјата.
Премиерот Нарендра Моди изјави дека Индија ќе ги „идентификува, следи и казни“ сите терористи и нивни поддржувачи кои имаат врска со масакрот во Пахалгам, најавувајќи и дипломатска офанзива против Пакистан. Дел од мерките е и едностраното укинување на Договорот за водите на реката Инд, склучен со Исламабад во 1960 година.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер