-->
-->
Индиец убиен при обид за сликање со лав
-->

Маж од Индија се прекачил на ограда висока седум метри во заградена зоолошка градина во сојузната држава Андра Прадеш, за да се слика со лав, по што животното скокнало и го убило човекот.
Прахлад Гуџар, 38-годишен, вчера влегол во живеалиштето на лавот во Зоолошката градина „Шри Венкатесвара“, занемарувајќи ги предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното. Лавот Донгалпур тогаш го нападнал Гуџар, пред чуварот да може да го спречи инцидентот.
Во зоолошката градина има уште два лава – Кумар и Сундар.
Надлежните вршат обдукција на телото за да утврдат дали човекот во тој миг бил под дејство на алкохол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
