Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција

Илјадници автори објавија „празна“ книга наречена „Не ја крадете оваа книга“ во знак на протест против компаниите за вештачка интелигенција (ВИ) за кои тврдат дека ја користат нивната работа без дозвола или надомест.
Околу 10.000 писатели учествуваа во проектот, меѓу кои Казуо Ишигуро, Филипа Грегори и Ричард Осман, објави Гардијан.
Книгата не содржи текст, туку само список на имиња на автори, а копии ќе бидат дистрибуирани во вторник до посетителите на Саемот на книгата во Лондон.
Објавувањето на книгата се случи една недела пред владата на Велика Британија да презентира проценка на економските трошоци од предложените измени во законот за авторски права.
Од министрите се бара да поднесат проценка на економското влијание и извештај за напредокот на консултациите за законска реформа до 18 март.
Организаторот на иницијативата, композиторот и уметнички активист за авторски права Ед Њутн-Рекс, рече дека индустријата за вештачка интелигенција е „изградена врз украдено дело земено без дозвола или плаќање“.
Меѓу авторите кои го поддржаа проектот се Мик Херон, авторката Маријан Кис, историчарот Дејвид Олусога и писателката Малори Блекман, која оцени дека не е неразумно да се очекува компаниите што развиваат вештачка интелигенција да плаќаат за користење на авторските дела.
На задната корица од книгата е порака дека владата на Велика Британија не треба да ја легализира употребата на книги во корист на компаниите за вештачка интелигенција без дозвола од авторот.
Издавачите планираат да започнат иницијатива за лиценцирање на вештачка интелигенција на Саемот на книгата во Лондон.
Во Велика Британија, дебатата е дополнително поттикната од владиниот предлог да им се дозволи на компаниите за вештачка интелигенција да користат авторски дела без дозвола од сопственикот, освен ако не побараат исклучок од процесот.
Предлогот предизвика реакции од уметниците, вклучувајќи го и пејачот Елтон Џон, кој ја критикуваше можноста за олабавување на законите за авторски права.
Покрај главниот предлог, владата разгледува уште три опции: одржување на постојниот систем, задолжително лиценцирање за користење на авторски дела или овозможување на користење на дела без можност за ослободување за авторите.
Портпаролот на британската влада објави дека целта е да се воспостави систем за авторски права што ќе ја заштити човековата креативност, но во исто време ќе ја поттикне иновацијата, додавајќи дека владата ќе продолжи да се консултира со креативниот сектор и да го информира парламентот до 18 март.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција
-

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
-

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на когенеративните капацитети на „TESSA Energy“
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
