Индекс на глобални иновации: Швајцарија

Швајцарија е најиновативната земја во светот, според Индексот на глобални иновации.
Овогодинешниот иновациски индекс, што ја мери состојбата на иновации во светот од година во година, опфаќа 129 земји. На врвот по Швајцарија следуваат Шведска и САД.
За позиционирање, авторите оценуваат институции, човечки капитал и истражувањата, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето/технологијата и креативниот ефект на набљудуваните земји.
Во однос на земјите од регионот, Хрватска е рангирана на 44-то место, Црна Гора 45, Македонија 59, БиХ 76 и Албанија 83.
Кина (14 место) е единствената земја со средно висок доход што е во 20 најиновативни, додека Индија (52 место) се смета за земја која од 2011 година го зазема првото место меѓу земјите од Централна и Јужна Азија (делумно благодарение на извозот на ИКТ услуги и дипломирани студенти по инженерство и природни науки).
Општ заклучок на извештајот е дека светот е под влијание на економското забавување на средниот интензитет како резултат на ослабениот економски раст, рекордно низок раст на продуктивноста и економска несигурност.
Од друга страна, светот изобилува со иновации, и во развиените и во земјите во развој.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
