-->
-->
Инцидент во Москва: Најмалку еден загинат, тројца повредени и неколкумина земени за заложници
-->

Најмалку едно лице загина во напад со огнено оружје во југоисточниот дел на Москва, а напаѓачот наводно зел и заложници, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Локалните медиуми известуваат дека во инцидентот се повредени најмалку три лица, а напаѓачот зел неколку лица за заложници. Безбедносните сили поставија кордон околу местото на инцидентот.
- До конфликтот дојде поради имотен спор, при што едно лице пукаше во друго. Жртвата почина. Полицијата спроведува мерки за да го приведе одомничениот, соопшти руското МВР.
Преговорите за имотот ги воделе двајца ривалски бизнисмени околу една фабрика за кондиторски производи. Напаѓачот бил претходен сопственик, а жртвата сегашен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
