-->
-->
Инцидент во Гази Баба при апсење на осуденик
-->

Вчера во 18.45 часот во Полициска станица Гази Баба бил приведен Л.А.(20) од с. Арачиново, скопско, поради обид за спречување службено лице во вршење на службено дејствие.
Според пријавеното, околу 15.45 часот на ул.Радован Ковачевиќ, полициски службеници се обиделе да го приведат М.А., кој се барал за издржување на казна затвор, но тој со патничко моторно возило „пежо 806“’ со скопски регистарски ознаки го напуштил местото на настанот.
Во обид да го престигнат, полициските службеници биле спречени од Л.А., кој управувал патничко моторно возило „ауди К-7“, со скопски регистарски ознаки. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
