Инцидент во бегалски камп кај Атина

Десетици гневни мигранти и бегалци, главно од Авганистан, кои со месеци во многу лоши услови престојуваат во кампот Елиникон, во близина на Атина, денеска се обидоа да го спречат министерот за миграциска политика Јанис Музалас да влезе во кампот, соопштија француските медиуми.
-Ние сме човечки суштества. Не сме животни, извика еден од мигрантите, обраќајќи му се министерот, кој на крајот, сепак, влезе во кампот, покажуваат снимките емитувани од грчките телевизиски канали.
Министерот изрази жалење што некои демонстранти, кои, според него, не биле повеќе од триесетина, се обиделе и да го удрат. Тој ја обвини левичарската антирасистичка организација дека го разгорува протестот.
-Нема штрајк со глад (како што соопшти асоцијацијата), демонстрантите се обидоа да го спречат влегувањето на камионите со храна и испраќањето на болните во здравствените ординации, рече министерот.
„Секој оној што се чувствува потиснат во овој камп слободен е да си замине од него, треба да се почитуваат законите што истовремено се применуваат и кон Грците и кон бегалците, подвлече министерот.
Слично на повеќето организации за правата на човекот, и антифашистичката организација Кеерфа, која се наоѓа во средиштето на протестот, истакнува дека во кампот нема топла вода и храна што им се дели на бегалците е неспоива со нивните прехранбени навики.
Приближно 1.500 бегалци речиси една година живеат во кампот Елиникон, што всушност се стари стадиони и сали, и според невладините организации, не е погоден за долгорочно престојување.
Ново на Сител
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
