-->
-->
Инаугурацијата на Бајден погледана од онаа на Трамп пред четири години
-->

Околу 40 милиони луѓе ја гледаа на телевизија инаугурацијата на демократот Џо Бајден за претседател на САД. Тоа е за четири проценти повеќе од гледаноста на инаугурацијата на Доналд Трамп во 2017 година, соопшти компанијата Нилсон, врз основа на податоците од шест телевизиски станици што ја емитувале церемонијата.
Податоците се однесуваат на 30-минутен период од времето кога Бајден положи заклетва, а потоа го одржа својот инаугуративен говор. Тука спаѓаат гледачи кои ги вклучиле своите телевизори во текот на тие 30 минути, на Еј Би Си, Си Би Ес, Ен Би Си, Фокс Њуз, Си Ен Ен и Ем Ес Ен Би Си. Во 2017 година, околу 38,3 милиони луѓе ја гледаа инаугурацијата на Трамп на овие телевизии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
