-->
-->
„Имам сопруг и деца, бев пијана и имав секс со странци“
-->
Жена од 34 години и се јавила на колумнистката Диар Дидра од „The Sun“ за да побара совет. И кажала дека го изневерила сопругот со неколку странци додека била пијана. Таа сега жали за тоа и се плаши дека сопругот може да дознае. Исто така и кажала дека е среќно мажена и е мајка на две деца.
Го пренесуваме нејзиното писмо во целост, како и советите кои ги добила.
Почитувана Дидра,
Јас апсолутно не сум при себе откако отидов во еден ноќен клуб со пријателката, а потоа имав и секс со дечко кој случајно го запознав. и тоа не се случи само еднаш.
Мажена сум, имама 34 години и две деца на возраст од 11 и 9 години. Го сакам својот сопруг и заедно сме 12 години. Минатата година беше страшна. Се чувствував беспотребно. Добив нова работа, но работното време не ми дозволуваше да бидам со семејството. Мојот сопруг работеше долги смени, па едвај и се гледавме. Почнав да се чувствувам несакано, како да сум тука за сите да ме газат.
Почнав да се дружам со една жена од работа, но бевме лоша комбинација. Беше луда и двете се однесувавме како будали кога ќе излезевме. Премногу пиев и флертував со секој кој ќе ми прозбореше.
Една вечер славевме кога еден згоден дечко ме покани да танцуваме. Беше помлад од мене, но изгледаше возбуден и ми купи шише шампањ кој ми го помати умот. Се заврши со секс во задниот дел од клубот.
Подоцна се чувствував лошо поради тоа и си ветив дека никогаш повеќе нема да го направам тоа. Но,глупоста ја повторив и со други момци и тоа три пати.
Тогаш ми дојде памет. Размислував што добивам од тоа, а што би можела за изгубам. Престанав да излегувам и да пијам. Ми беше срам од моето однесување и ме фати страв дека сопругот се ќе дозане и ќе ме остави. Не можам да ја поднесам ниту помислата дека ќе ги загубам децата.
Постојано размислувам за тоа како кармата ќе ми се врати еден ден. Мојот сопруг ја смени работата и сега работи само преку ден, затоа имаме повеќе време да бидеме заедно. Му го давам цело мое внимание, но како да продолжам да живеам со она што го направив?
Советот кој го добила:
Сте биле под голем притисок кога сте ги направиле грешките, но сте престанале да излегувате и пиете. Поради тоа можете да се чувствувате добро. Алкохолот и лудата пријателка се рецепт за неволја, но сите можеме да погрешиме кога сме премногу пијани. Важно е да се учи од тие грешки, а вие знаете дека нема да ги повторите.
Концентрирајте се со сите сили на својот брак. Објаснете му на сопругот дека сте се чувствувале како да се распаѓате и дека нема да го повторите тоа. Повторувајте му колку многу го сакате.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација