-->
-->
Има ли разлики меѓу договорениот и владиниот Закон за обвинителство?
-->

Законот за обвинителство кој утринава пристигна во Собранието не е истата верзија која синоќа била договорена меѓу коалициските СДСМ и ДУИ со цел да се обезбедат 80 пратеници, тврдат извори од партијата на Али Ахмети.
Пратеникот на ДУИ и претседател на Комисијата за европски прашања Артан Груби не сакаше да потврди дали навистина ќе има отстапки од Договорот за Законот но остави простор такво нешто да се случило.
- Тукушто стигна Законот за обвинителство треба да проверам дали се работи за истата верзија која синоќа ја договоривме и во која беа инкорпорирани нашите забелешки или има некакви измени во владиниот предлог, ако Законот е истиот само тогаш ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за европски прашања и ќе има време да биде изгласан до планираното распуштање на 12 февруари, изјави Груби.
Тој вели дека договорената верзија на Законот ќе и се допадне и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и очекува поддршка дури и од нив.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
