Илон Мaск првпaт меѓу петте најбогати луѓе во светот
Американскиот претприемач и основач на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск по првпат се најде во листата на „Форбс“ од пет најбогати луѓе во светот.
Според списанието, богатството на Маск изнесува 74,2 милијарди долари. Во средината на март, тој беше 31-виот по ред, на списокот најимотни. Оттогаш, како што велат податоците состојбата му се подобрила скоро трипати, а акциите на „Тесла“ се повредни за речиси 300 отсто од почетокот на оваа 2020 година.
Првите три места, според списокот на „Форбс“, ги заземаат директорот на „Амазон“ Џеф Безос со богатство од 189 милијарди долари, раководителот на „Луј Витон Моет хенеси“ Бернар Арно со 113,8 милијарди долари и, на трето место е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 113,4 милијарди долари. Маск е зад основачот на Фејсбук – Марк Закерберг, чијшто севкупен имот се проценува на 90,3 милијарди долари. Шести е поранешниот раководител на „Мајкрософт“ Стив Балмер со 72,2 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци