Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман

Илон Маск ја загуби судската битка против „ОпенАИ“ и нејзиниот извршен директор Сем Алтман, откако група граѓани во Калифорнија ја отфрлија нејзината тужба со образложение дека била поднесена по истекот на законскиот рок.Одлуката била донесена едногласно, по тринеделно судење во кое граѓаните разгледувале интерна електронска комуникација – деловни документи и сведочења на повеќе истакнати личности од технолошката индустрија. Според информациите од судот, граѓаните донеле конечна одлука по околу два часа судска расправа.
Во тужбата, Маск тврдеше дека Алтман го прекршил првичниот договор според кој „ОпенАИ“ требало да функционира како непрофитна организација чија цел е развој на вештачката интелигенција. Маск наведе дека, откако донирал околу 38 милиони долари за поддршка на организацијата, раководството постепено ја пренасочило кон профитна компанија.
Меѓу другото, тој го обвини Алтман дека го довел во заблуда со прифаќањето на неговата финансиска поддршка, а потоа се откажал од првичната мисија и визија на организацијата. Според тврдењата на Маск, „ОпенАИ“ со текот на времето се оддалечила од својата основна цел и почнала да работи во интерес на комерцијални партнери и инвеститори.
Во текот на судскиот процес освен Маск и Алтман, меѓу сведоците беше и извршниот директор на „Мајкрософт“,Сатја Надела.Маск ја обвини и „Мајкрософт“ дека активно учествувала во трансформација на компанијата. Но и покрај сите докази, народот ги отфрли и овие обвиненија повикувајќи се на заклучоците донесени за клучните точки од тужбата.
Маск и Алтман беа меѓу коосновачите на „ОпенАИ“ во 2015 година. Маск ја напушти организацијата во 2018 година, откако, според претходни информации, не успеал да добие поголема контрола врз управувањето со компанијата. Во меѓувреме, „ОпенАИ“ прерасна во една од водечките компании во областа на генеративната вештачка интелигенција, особено по светскиот успех на „ЧетГПТ“.
МИА
Ново на Сител
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
