Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија

По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација.
Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот.
Медицинските сестри бараат зголемување на платите за 5 отсто над инфлацијата, која достигна 10,5 отсто во декември.
Разговорите меѓу Владата на Риши Сунак и главниот синдикат на медицински сестри, Кралскиот колеџ за медицински сестри, се во ќорсокак, јавија британските медиуми.
По првиот дводневен штрајк во декември, што беше без преседан во вековното постоење на синдикатот, и сегашниот штрајк, најавени се и дополнителни штрајкови на 6 и 7 февруари, при што ќе бидат опфатени повеќе болници.
Ново на Сител
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
