Илинден се одбележува во сите градови низ Републиката

Освен во Крушево, на Мечкин Камен, во Пелинце, Скопје и Смилево, каде беа организирани официјалните чествувања, Илинден се одбележува и во Охрид, Струмица, Тетово, Крива Паланка, Делчево,…
Големиот национален празник го слави и дијаспората.
Делегации на Владата, Собранието, Кабинетот на претседателот на државата и политички партии положија цвеќе пред почивалиштата и спомениците на паднатите борци од двата Илиндена, оддавајќи им почит.
Иако упатена од различни места, заедничка беше пораката на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, дека е време за внатрешно помирување и дека сите сме деца на Илинден. Имаме една, заедничка земја и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Тоа е долг кон сите што се бореа за нашата независна и автономна Република, истакнаа Заев, Пендаровски и Џафери.
Ново на Сител
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
