-->
-->
Илијоски: Да постигнеме гол од првата шанса
-->
Фудбалерите на Работнички се пред нов предизвик во Лига Европа, реванш дуелот од второто квалификациско коло со Јелгава од Летонија кој ќе се одигра в четврток од 20ч на Филип Втори.
„Романтичарите“ ќе напаѓаат предност на противникот од 1-0 од првата средба.
Според првиот стратег на нашиот тим, Игор Ангеловски Јелгава игра далеку поразличен фудбал од претходниот противник Флора Талин и важно е со висока одбрана и притисок противникот да биде што подалеку од голот на Работнички:
„Нормално ги разгледуваме сите можни ситуации. Јелгава игра дефанзивен фудбал и чека шанса од прекин, така беше и со Литекс, а така беше и со нас на првиот натпревар. Нашата тактика ќе биде со висок пресинг да ги притиснеме за да не дојдат во нашата половина. Имаме играчи што треба да реагираат и знаат како да реагираа во ситуациите при прекините", -убеден е во квалитетот на својот тим Ангеловски.
За капитенот Блаже Илијоски нема дилеми дека Работнички создава прилики но сега потребни се голови:
„Се надевам дека ќе постигнеме гол од првата шанса и тоа ќе биде добар знак за нас“- смета Илијоски кој заедно со своите колеги од нападот не искористија неколку изгледни прилики во Летонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
