Икономидис: Грција не ја признава независноста на Косово

Грција не ја признава еднострано прогласената независност на Косови и овој став останува непроменет, изјави денеска грчкиот амбасадор во Белград Константинос Икономидис, јави Танјуг.
Одговарајќи на прашањето на весникот „Данас“ дали изјавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас дека Атина ќе го поддржи Косово во зачленувањето во меѓународните организации значи чекор во правец на признавање на Косово, Икономидис истакна дека „грчкиот став за ова прашање останува непроменет“.
Освен тоа, тој кажа дека изјавите на грчкиот министер за надворешни работи во Приштина биле јасни.
Коѕиас по разговорот со косовскиот премиер Иса Мустафа на прашањето на новинарите дали Грција ќе ја признае независноста на Косово, како што наведуваат приштинските медиуми, останал недоречен, истакнувајќи дека Грција ќе му помогне на Косово да се зачлени во некои меѓународни организации и најави дека Грција на Косово ќе отвори канцеларија за соработка меѓу двете земји.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Србија побарала од Грција објаснување на изјавите на Коѕиас дека Атина ќе го „поддржи зачленувањето на Косово во меѓународните организации“, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Ново на Сител
-

Лажат дека се болни за да добијат антибиотици: Речиси секој трет Американец признал дека го измамил лекарот
-

Село во Шпанија со само 40 жители понудило бесплатна куќа и сигурна работа – пристигнале 8.000 пријави, повикот е затворен
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
-

Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
