Игумен на манастир од Косово депортиран во Македонија

Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општината Звечан на Косово, Отец Фотиј, кој е државјанин на Македонија бил депортиран од Косово по итна постапка и без објаснување од страна на косовската полиција, тврдат од Српската православна црква.
Отец Фотиј како Александар Костовски е роден во 1981 година во Скопје, а во Рашко-Призренската епархија на СПЦ е од 2004 година.
Согласно со косовските закони, отец Фотиј како граѓанин на Македонија секоја година аплицираше за дозвола за престој во последните 5 години. Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено, се наведува во соопштението од епархијата.

Откако бил принуден да се согласи на депортација, на отец Фотиј привремено му бил одземен пасошот на Македонија и мобилниот телефон, темелно му бил претресен автомобилот на што посведочил и преставник на ЕУЛЕКС, по што со полициска придружба бил депортиран до границата со Македонија каде му бил вратен пасошот и телефонот со забрана за влез во Косово во следните 5 години.
На депортацијата реагираше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Ново на Сител
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
