-->
-->
Ибра постави „смешен“ услов за останување во Париз?!
-->

Најдобриот стрелец во францускиот шампионат, напаѓачот на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ, најверојатно ќе го напушти тимот во завршувањето на сезоната.
„Во овој момент мислам дека нема да бидам во ПСЖ наредната сезона. Остана уште месе ипол до крајот на сезоната. Сепак, доколку Ајфеловата кула ја заменат со мој споменик, тогаш ќе останам, ветувам“, рекол 34-годишниот Ибрахимовиќ, кој во неделниот триумф на ПСЖ над Тоа 9:0, постигна четири гола.
ПСЖ со победата над Троа, на осум кола до крајот на првенството во Франција, ја обезбеди четврта последовна титула, шеста во клупската историја.
Иако Ибрахимовиќ го најави своето заминување, првиот човек на клубот Ал-Келафи нема лесно да се откаже од неговите услуги.
„Париз е магија. Ибра е магија. Сакаме Златан да остане, ќе разговараме со него и неговиот менаџер“, рекол претседателот на ПСЖ.
Според медиумските шпекулации, Ибрахимовиќ наредната сезона најверојатно ќе игра во англиската Премиерлига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
