И Стивен Сигал на листата обвинети за обид за силување

Ѕвездата на серијата „Добра сопруга“, Џулијана Маргулис го обвини актерот Стивен Сигал дека се обидел да ја силува, објави „Дејли Мејл“.
Според лондонскиот весниок, 51-годишната Маргулис тврди дека овој напад се случил при нивната прва средба во 80-те години на минатиот век.
- Имав 23 година. Доцна навечер ме повика мојата агенткка и ми рече дека Сигал сака да одам кај него во хотелот за да вежбаме сцени, изјави Маргулис.
Актерката тврди дека на агентаката и рекла оти нема пари за такси и дека и е страв да оди со метро, на што таа и одговорила дека Сигал ќе и го плати таксито.
- Кога стигнав, тој се погрижи да видам дека има пиштол, по што ми рече дека е шаман и исцелител и дека сака да ме измасира. Почнав да врискам и едвај се извлеков од ситацијата, додаде Маргулис.
Таа трвди и дека имала непријатно искуство и со продуцентот Харви Вајнстин, кого деновите стотина жени го обвинија за сексуалсно вознемирување и малтретирање.
Според Маргулис, Вајнстин во 1994 година ја пречекал во хотелска соба со запалени свеќи и само по бањарка.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
