Македонија
21. February 2019 - 16:04

И Спиро Ристовски физички нападнат во Шутка

Алсат пишува дека по Миле Јанакиевски  денеска нападнат бил и Спиро Ристовски, кој исто така од синоќа е во притвор во истражниот затвор, Шутка.

Неофицијално, нападот се случил во дворот додека притворениците шетаат, а расправијата започнала кога друго лице и Ристовки влегле во вербална расправија и настанала меѓусебна турканица. Неофицијално, по настанот двајцата биле прегледани и однесени на лекар.

Инаку, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30 дневен притвор бидејќи Обивнителството ги сомничи декла се дел од петмината кои ги организирале насилствата во Собранието на 27 април, пред две години.