Обвинетата за убиството на Ким Џонг-нам прогласена за виновна за „нанесување повреда“
Виетнамката Доам Ти Хуонг, која беше обвинета за убиство на полубратот на јужнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, денеска беше прогласена за виновна за „нанесување повреда“.
Како што јави ДПА, Судот во малезискиот главен град Куала Лумпур ја изрече оваа пресуда откако Обвинителството во договор со 30-годишната Доам се согласи да го промени обвинителниот акт и наместо за „убиство“ да ја обвини за „нанесување повреда“, по што таа се изјасни за виновна по новото обвинение.
По ова судијата Азми Арифин и изрече затворска казна на Доам во траење од три години и четири месеци, во кои е вклучено и времето што таа го мина во притвор.
По изрекувањето на пресудата, судијата и ја намали казната на Доам за една третина, со што се очекува таа да биде ослободена од затвор следниот месец.
Максималната казна што можеше да ја добие Доам врз основа на новото обвинение беше 10 години затвор.
Доам првично беше обвинета за убиство на Ким Џонг-нам така што го испрскала в лице со нервниот агенс Ве-Икс на аеродромот во Куала Лумпур во февруари 2017 година.
Засега нема реакција од Пјонгјанг за пресудата на Доам.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач