ОН и Русија работат на договор за хуманитарно примирје

Обединетите нации и Русија се обидуваат да договорат прекин на борбите, со што би се овозможила испорака на хуманитарна помош во сирискиот град Алепо, а ОН предупредува дека за околу два милиони цивили, кои се заробени во него, „времето изминува“.
Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура изјави дека се истражуваат информациите за тоа дека на Алепо е фрлен гас за кој се верува дека е хлорин, јавува Танјуг.
- Има многу докази дека тоа навистина се случило, рече тој пред новинарите, напоменувајќи дека овој напад доколку биде дефинитивно потврден, ќе биде еднаков со воено злосторство.
Русија вчера соопшти дека од денеска воведува тричасовен прекин на огнот на дневна основа во Алепо за да може хуманитарниот конвој безбедно да влезе во градот, но посредникот на ОН вели дека тоа не е доволно.
Советникот на ОН за хуманитарни прашања Јан Егеланд изјави дека за безбедна испорака на помош се потребни 48 часови пауза.
- Тоа што денес е ново и позитивно е дека Руската Федерација соопшти дека би сакала да седне со нас и другиот коопретседавач (САД), за да разговараат како предлогот на ОН да биде спроведен, рече тој.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
