-->
-->
И по шест месеци подготовки за уривање, кулата паднала врз зграда
-->
За време на уривање на кула во Данска дошло до голема грешка и кулата се срушила на погрешна страна, по што ја здробила соседната зграда, во која се наоѓал културен центар и библиотека. Во инцидентот нема повредени.
Кулата требало да падне на исчистено подрачје наменето за уривањето, но поради грешка паднала на другата страна. За уривањето биле употребени 10 килограми експлозив, а подготовките траеле шест месеци.
„Не знам како можеше да дојде до ваква грешка“, рекол извршителот на работите.
Покрената е истрага за причините за инцидентот.
-->
-->
-->