И ексклузивниот комплекс Порто Карас настрада во неврeмето кое го погоди Халкидики
Силно невреме го погоди грчкиот полуостров Халкидики. Олујата пустошела се пред себе, па шест туристи од кои две деца ги изгубија своите животи, додека повеќе од 100 луѓе се повредени. Најверојатно станува збор за две постари лица од Чешка, жена и осмогодишно дете од Романија, маж и дете од Русија.
Има и големи материјални штети од невремето кое траело само 20-тина минути.
За олујата која се тврди дека е една од најголемите во изминатите неколку децении, сведочат фотографии и видеа, каде ветерот носи дрвја, покриви, во морето се гледаат лежалки и чадори од таверните на плажа.
Исплашените луѓе, меѓу кои и мајка со бебе во рацете бегаат од распаднатите хотели во кои престојувале.
Во Неа Потидеа имало дури и мал ураган. Оваа бура ги затекна туристите во Неоа Мармарас, Пефкохори, Неа Пори, Неа Каликратијаа, Никити, Калитеа…
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата