„Хуриет“: Речиси 70 отсто од Турците се плашат од Ердоган

Речиси 70 отсто од Турците чувствуваат страв од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на резултати од анкета на агенцијата „Гезиџи“.
Според анкетата, 68,5 отсто од испитаниците рекле дека се плашат од Ердоган, додека процентот на оние кои не чувстуваат страв од шефот на државата изнасува 25,5 отсто.
- Тоа значи дека двајца од тројца турски граѓани чувствуаат страв од Ердоган. Ако прашате некој Французин дали се плаши од претседателот Франсоа Оланд, најверојатно ќе ви одговри: „не го разбирам прашањето“, наведува „Хириет“.
Според весникот, друг интересен податок од анкетата е дека 46 отсто од Турците сметаат дека одговорни за неодамнешниот напад во Анкара се групата Исламска држава, турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и самиот Ердоган, додека 38 порценти вината ја гледаат во кудската Демократска партија на народтите (ХДП) и илегалната милитантна Курдска работничка партија (ПКК).
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
