„Хуриет“: ЕУ на Турција и понудила нова 12-месечна програма за обновување на односите
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Европската Унија на Турција и доставила нова 12-месечна програма за обновување на односите, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се денешна информација во весникот „Хуриет“.
Ердоган пред новинарите во авионот на враќање од средбата на врвот на НАТО во Брисел неделава соопштил дека Турција и ЕУ постигнале согласност да дадат нов поттик во односите и дека министрите за надворешни работи на Турција и ЕУ ќе работат по новата програма.
Односите меѓу Турција и ЕУ, и особено со Германија, се влошија по серијата дипломски скандали, посочуваат британските меидуми.
Весникот го цитира Ердоган дека за време на своите средби со европските претставници повторно ја покренал темата за укинување на визите за турските државјани и дека турските и европските службеници ќе работат заедно на оваа прашање.
На почетокот на 2016 година Турција се согласи да помогне во надминување на миграцискиот прилив кон Европа во замена за укинување на визите за турските државјани и три милијарди евра финансиска помош од ЕУ. Но, Брисел сака Анкара прво да ги смени своите антитерористички закони, што, според ЕУ, се преопфатни, потсетуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата