Хуманитарна изведба на „Евгениј Онегин“ во МОБ

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе се одржи хуманитарна изведба на оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски.
Средствата се наменети за Здружението на деца со оштетен вид, при Центарот за лица со оштетен вид за создавање музичка аудиотека, од сите формати. Акцијата МОБ ќе ја насочи и за купување музички инструменти за лица со оштетен вид.
Цената на билетот за хуманитарната претстава изнесува 200 денари.
Со претставата „Евгениј Онегин“ беа отворени овогодинашните Мајски оперски вечери. Љубителите на оперската музика повторно ќе имаат можност да уживаат во оперското дело, чие што либрето се базира на познатата истоимена поема на А.С.Пушкин.
Диригент ќа биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф, Валентин Светозарев, костимограф, Марија Пупучевска, а кореограф, Олга Панго.
Во претставата настапуваат: Марика Поповиќ - Ларина, Сандра Митровска - Татјана, Николина Јаневска - Олга, Елена Тасевска - Филипјевна, Дарко Нешовски - Ленски, Александар Малишко (Украина) - Евгениј Онегин, Владимир Саздовски - Кнез Гремин, Диме Петров - Капетан, и Борко Биџовски - Зарецки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
