Хуманитарна аукција за тешко болните деца на Детската клиника

Фондацијата „Златна Рипка” за исполнување на желби на тешко болни деца, денеска во Чифте Амам ќе организира втора хуманитарна аукција посветена на надежта, силата и на моќта на исполнетата желба за дечињата кои се борат за својот живот.
Во нивната надеж и сила, веруваат и ликовните уметници Невзат Бејтули Кица и пријателите, Ване Костуранов, Вања Урошевиќ, Александар Станкоски и Мартин Трпеноски кои помагаат со донирање на своите дела.
Средствата добиени од аукциската продажба се наменети за исполнување на желбите на децата кои се лекуваат на одделот за Онкологија при Детската Клиника во Скопје, каде во моментов се дваесетина дечиња на возраст од три од 15 години.
Мисијата на тимот на „Златна Рипка“ е да го разубави секојдневието на овие дечињата кои се борат за својот живот и преку заживување на нивните мечти и исполнување на нивните сништа.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
