Хуманитарен базар за поддршка на СОС Детско село

Предновогодишен хуманитарен базар на рачно изработени рециклирани предмети на кој се собираат средства за СОС Детското село Македонија, се одржува денеска во Веро Центарот во Скопје.
Предметите за базарот ги изработија деца од градинките низ Македонија во изминатите три месеци.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која присуствуваше на базарот истакна дека како Министерство и Влада ќе поддржуваат акции кои правилно ги насочуваат децата дека треба да реупотребуваат се што може да стане отпад и да ја загади околината, но и ги поттикнуваат да бидат хумани, да донираат и вложуваат во група граѓани нема еднакви можности како останатите.
- Ако децата од најмала возраст тоа го научат ние не треба да се плашиме дали нашето општество ќе биде стабилно солидарно одговорно кон сите групи граѓани, рече Царовска.
Вели дека сите компании треба да го следат овој пример и да развијат слични акции бидејќи, како што рече, општеството може да се развива само доколку бидат вклучени сите Владата, бизнисот и граѓанскиот сектор.
Поликсена Јанкуловска, од „Бимилк“, во рамки на чија акција „Собираме и рециклираме“ истакна дека децата се идните генерации кои треба да ја негуваат грижата за здравите навики за себе и за својата околина, но и хуманата страна преку несебична помош за останатите и оти во тоа вреди да се вложува.
- Донациите од хуманитарниот базар ќе помогнат многу за СОС Детско село. Акцијата е показател дека со малку труд и љубов може да се помогне многу, рече таа.
Јулијана Гапо 2017, Национален директор на СОС Детско село истакна дека годинава поддржале 236 деца и млади без родители и родителска грижа и деца во социјален ризик.
Тоа, додаде успеваме да го направиме благодарение на вакви акции и општествено одговорни компании.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
