Хрватски научници против Теоријата на Големата експлозија: Можеби „почеток” не ни имало
Двајца млади хрватски физичари, Петар Павловиќ и Марко Сошиќ објавија труд во престижното научно списание „Физикал Ривју Д“, во кој ја изнесуваат можност за нов модел за настанок на Вселената кој би бил алтернатива на добро познатата Теорија на Големата експлозија.
Во текстот „Цикличната космологија во модифицираната гравитација”, Петар Павловиќ, кој е научник од Универзитетот во Хамбург и член на тимот на Научно истражувачкиот центар ДЕСИ, и Марко Сосиќ од загрепскиот Електотехнички факултет, ја истражуваат можноста на модел на циклична Вселена.
Станува збор за концепт, кој повеќе пати се појавувал низ историјата, но никогаш досега не бил обработен како целосен модел.
Во својот модел Павловиќ и Сошиќ ја објаснуваат динамиката на просторот-времето и материјата од почетокот на вселенскиот циклус до денешниот стадиум и предвиделе ново „собирање“ на Вселената, кое ќе доведе до почеток на нов циклус.
- Тоа што сигурно би било интересно за публиката е тоа дека таквиот космички модел од филозофски аспект ја намалува можноста за т.н. Почеток на се, што теориите како онаа за Големата експлозија ги оставија на толкување на религиите, а религиите тој настан го интерпретираа како создавање на светот, истакнува Дундовиќ.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам