Хрватска искористила 97 отсто од средставта од Шенген инструментот
Хрватската Влада изрази задоволство од обемот на средствата што Хрватска ги искористила во изминативе 3,5 години од Шенген инструментот, јави Хина.
Според хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. од расположливите 120 милиони евра наменети за исполнување на критериумите за членство на Хрватска во Шенген зоната, земјата досега искористила 97,33 проценти.
Нагласувајќи дека членството во Шенген зоната останува стратешка цел на Хрватска, Пленковиќ нагласи дека пред истекот на крајниот рок за користење на овие средства, земјата успеала да употреби 116,79 милиони евра за реализација на проекти наменети за исполнување на критериумите за прием во зоната на слободно движење на ЕУ.
- Подобри од Хрватска во искористеноста на овие средства беа само Словачка, Летонија и Литванија, потенцира Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости