Хрватска и Србија финалисти на СП во ватерполо
Репрезентациите на Хрватска и на Србија ќе играат во финалето на Светското првенство во ватерполо што се одржува во Казањ. Двете селекции синоќа во полуфиналните дуели остварија победи.
Олимпискиот шампион Хрватска дури по изведувањето пенали ја совлада Грција со 15:13 откако претходно резултатот беше 10:10. Голманот на Хрватска Јосип Павиќ успеа да одбрани еден пенал, додека неговите соиграчи ги реализираа сите пет. Хрватска така успеа по три последователни порази во полуфинале, да се избори за натпреварот за златниот медал.
Во второто полуфинале Србија ја победи Италија со 10:6, а победата ја обезбеди во првиот дел откако на полувремето водеше со 8:2.
Со пласманот во финалето Хрватска обезбеди учество на ОИ во Рио, додека Србија тоа го направи со освојувањето на титулата во Светската лига, тоа значи дека и победникот во „малото финале“ ќе се пласира во Рио.
Финалето Хрватска – Србија ќе се игра во сабота, а во дуелот за бронзениот медал ќе играат Грција – Италија.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани