Христијани нападнале муслимани во Папуа, Индонезија

Завршувањето на рамазанскиот пост и почетокот на големото славје на муслиманите во Индонезија започна со напад на припадници на локалната христијанската мнозинска заедница на група од над 200 муслимани кои биле кон џамијата.
Инцидентот се случил на крајниот исток на индонезискиот архипелаг, во делот на островот Папуа кој и припаѓа на Индонезија.
Христијаните фрлале камења врз групата муслимани, извикувајќи дека не дозволуваат муслимански обред во областа Толкара, каде што христијаните се доминантно население. Група демонстранти, христијани, подметнала пожар во џамијата.
Припадници на полицијата и војската, со предупредувачки истрели, интервенирале десетина минути по започнувањето на инцидентот. Муслиманите, под вооружена придружба, биле однесени во касарната на областа Толикара, каде што им биле обезбедени услови за да ја извршат големата молитва пред почетокот на Бајрам, во овој дел на светот наречен Идул Фитри.
Индонезија, со 256 милиони жители е држава во која околу 75 посто од населението се припадници на муслиманската вера. Државата е позната како пример за меѓуверската толеранција, но оваа состојба во последните десетина години ја нарушуваат радикали и екстремисти од двете страни.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
