-->
-->
Хотелот „Молика“ преполн со гости привлечени од снегот и сончевото време
-->
Сончевото време, чистиот воздух и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот Молика и Ски центарот Копанки да ги срушат рекорди на посетеност. Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк Пелистер, инфомрираат од АД ЕСМ.
-Беше вистинско задоволство да се биде сведок на незапаметена посетеност на ски терените на Копанки и да се почувствува пријатното расположение на гостите. Традиционалната гостопримливост карактеристична за вработените во „Молика“ уште еднаш беше потврдена преку дадените услуги и беспрекорниот сервис и покрај огромниот број скијачи, ски-бордери, планинари и рекреативци, велaт од менаџерскиот тим на Елемтурс, подружница Хотел „Молика“.
Модернизираната, проширена и реновирана тераса на хотел Молика, додаваат, беше преполна со гости во текот на целиот викенд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест